Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жерновски: 12 нелегално поставени скулптури на „Око“, уште 5 чекаат неотпакувани

Жерновски: 12 нелегално поставени скулптури на „Око“, уште 5 чекаат неотпакувани
Скулптурите на кралевите Каран, Пердика Први, Архелај Први, Александар Први Филхелен, Аминта Трети, царевите Гаврил Радомир, Иван Владислав и Стефан Душан, потоа скулптура на пајонската свештеничка, владетелите Добромир Хрс и Јован Углеша и на генералот Парменион - сите се нелегално поставени на мостот „Око“, без одобрение од општина Центар, утврди Комисијата што ја формираше градоначалникот Андреј Жерновски. Тој тврди дека поседува документ лично потпишан од министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска кој ги демантира нејзините тврдења дека таа нема ништо со поставувањето на скулптурите на овој мост. “Општина Центар била нем спроведувач на наредбите, а министерството одлучувало кои ќе бидат вајарите, кои лица ќе бидат во комисиите и во работните групи. Министерката одлучувала и кои ќе бидат ликовите од историјата што ќе бидат поставени на мостот. Спроведувањето на договорот го верификувале лица кои не биле вработени во општина Центар“, рече Жерновски. Според него, 5 скулптури се уште лежат непоставени во депо на МЗТ Скопје. Раководителот на секторот за инспекциски работи при општина Центар Кочо Стојчевски вели дека сега ќе се постапи согласно законот - 12-те нелегално поставени скулптури ќе се отстранат, а 5-те непоставени, ако се претходно одобрени, ќе се најдат на соодветното место. Фото: А1он
Слично

Поврзани вести