Женски пролетен хороскоп за 2016 година
Што Ви подготвиле ѕвездите за престојната топла сезона? Дали ќе се издигнете во професијата или пак ќе ја сретнете љубовта на вашиот живот? Проверете...
Овен Љубов, нов партнер и зголемување на заработката
До 11 август Јупитер ќе биде во Лав – петтиот твој дом кој е задолжен за романтиката, страста, креативноста и самоизразувањето. Имаш уште неколку месеци, во кои можеш да разбиеш барем неколку срца. Ако сакаш да свртиш нова страница, ќе имаш врати, на кои можеш да затропаш. Прашањето е дали си подготвена за промена, бидејќи петтиот дом не само што носи романтика, но и плодност. За овни, кои копнеат за деца, ова е добра вест. Останатите треба да бидат внимателни и да користат заштитни средства. Освен во љубовта среќата ќе те придружува и во работата.
Бик
Бебе или миленичиња Поволните промени со кои ти започна годината, во почетокот те исполни со ентузијазам. Тој малку по малку згаснува, па на преден план испливува заморот од дополнителните ангажмани. Во мај Ти претстои важна средба. Емоционалната интелигенција треба да ти е на втор план, за да не се повторуваат грешките од минатото. Јупитер е во четвртиот дом до 11 август, што отвора можност да купиш или да продадеш имот, да го зголемиш семејство (ова вклучува и евентуална бременост или нов миленик) или сериозна промена во начинот на живот.
Близнаци
Нови идеи, нова среќа Пролет процвета и дојде време да излезеш од зимскиот сон. Насочи ја неисцрпната енергија во проекти за самообразование и најди начин да ги споделиш новите идеи со луѓе кои ќе ги ценат. Ова ќе се покаже плодност. Оваа година Сатурн поминува низ Стрелец – седмиот дом, одговорен за обврските и врските. Тоа значи дека главен акцент ќе има односот со другите. Како Близнак сакаш да избегаш од обврските, но во 2016 година ќе мораш да земеш некои важни одлуки како во личниот, така и во професионалниот живот.
