Економија, финансии, бизнис

Контакт

Женска ДНК најдена на крушумот со кој е пукано на Милан Беко

Женска ДНК најдена на крушумот со кој е пукано на Милан Беко

Форензичарската анализа на зрното кое, покрај четирите чаури, полицијата го пронајде на местото на нападот на бизнисменот Милан Беко, утврдила постоење на женска ДНК трага. Полицијата верува дека мотивот за напад е од лична природа.

Женски хромозоми полицијата ја насочуваат на два пата: или жена пукала во Беко, или женска личност ги ставила куршумите во пиштолот. Напаѓачот во петокот го виделе неколку сведоци.

Минувачите, кои во петокот попладне минувале на улицата Андре Николиќ тврдат дека забележале сомнително момче, со „прилично убави црти на лицето“ и висок околу 175 сантиметри. Ваков опис би можел, како се сомневаат во полицијата, да одговара на опис на маскирана жена.

Меѓутоа, возачот на Милан Беко, кој на својот газда му фо спасил животот, како и градинарот на кој напаѓачот налетал бегајќи после пукањето, не го виделе лицето на напаѓачот, но по силуетата на телото заклучиле дека во прашање е маж.

Беко, како ни останатите со кои полицијата разговарала во текот на истрагата која е покрената во петокот вечерта на полицијата не и дале ниту една информација која би укажала на можниот  мотив.

Полицијата, меѓутоа има сознанија дека причината за нападот на Беко е од „лична природа“.

Слично

Поврзани вести