Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жените во Идризово ќе штрајкуваат со глад бидејќи за нив нема помилување

Жените во Идризово ќе штрајкуваат со глад бидејќи за нив нема помилување

Вкупно 106 затворенички од затворот Идризово најавија дека од утре почнуваат штрајк со глад, поради писмото кое им го испрати претседателот,  Ѓорге Иванов во кое објаснува дека нема да ги помилува.

Иванов во писмото до затвореничките објаснува дека одлуката за помилувањето ја донел за доброто на сите граѓани на Македонија и во интерес на државата. Нив ги упатува во редовна процедура да бараат помилување. Да поднесат прво молба до него, но преку судот што ја изрекол пресудата.
Минатата недела 2200 затвореници од претседателот Иванов, побараа намалување на 30 до 50 % од казните, затоа што шефот на државата претходно аболицираше 56 функционери.
Слично

Поврзани вести