Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жените во Европа имаат подобро образование но пониски плати од мажите

Жените во Европа имаат подобро образование но пониски плати од мажите
Жените во Европа се подобро образовани и работат повеќе од мажите, но пак добиваат помалку од нив, покажува последниот извештај на Меѓународната организација за труд (ИЛО). Разликата во платите варира - од 100 до 700 евра месечно. Во Велика Британија на пример, жените заработуваат со 28% помалку од нивните колеги мажи. Во сите анализирани од ИЛО државни легислативи нема причина за ниските плати за жените и разликата се наведува како дискриминаторска, се вели во документот. Податоците за Европа на пример покажуваат дека жените со највисоки плати заработуваат со 700 евра месечно помалку од мажите со највисоки плати. Кај мажите и жените со најниски примања разликата е во рамките на 100 евра месечно. ИЛО го анализира образованието, искуството, секторот во кој се работи, и интензитетот на трудот. Според добиените податоци, многу често жените се претставуваат подобро во однос на овие карактеристики. Сепак добиваат пониски плати од мажите. Општо земено податоците на организацијата покажуваат дека во 2013 година има забавување на растот на глобалните плати - со 2%, наспроти 2,2% во 2012 година. Во годините пред кризата годишниот раст на платите во светот беше во рамките на околу 3 отсто. Сериозно е зголемувањето на платите во економиите во развој, но пак не е рамномерно распределена. Во Азија пример растот на платите е од 6%, а во Латинска Америка - само 1%. Во земјите од Г20 има видливо забавување на растот - од 6,7% во 2012 година до 5,9% во 2013 година. К.К.
Слично

Поврзани вести