Жените бизнисменки добиjа свое кафуле
„ФМ женски клуб“ е првото женско кафуле кое почна со работа во тетовско Камењане .
Потребата и жените да имаат место каде ќе можат да се собираат, да се дружат и да разменуваат идеи за биснис и други активности, била причината да се реализира идејата за овој мал бизнис.
„Сакавме малку да го средиме балансот со т.н. ’машки‘ кафулиња кои во овој крај ги има навистина многу. Затоа отворивме кафуле само за жени. Би сакала жените да го прифатат ова кафуле, бидејќи сметам дека тоа е добро за нив. Тука, освен кафе, има услови тие да можат да ги остават своите деца во игротеката додека разговараат, има простор наменет за изложување рачни ракотворби и слично Засега ’ФМ женски клуб‘ ќе можат да го посетуваат само жените, а понатаму ќе видиме“, вели Медина Синани, сопственичката на првото женско кафуле.
Сретствата за отворањето на ова кафуле се добиени како грант на УСАИД за поддршка на жени претприемачи.
Фото: Утрински
Слично
