Жени бомбаши убиле 22 луѓе во Нигерија
Две жени бомбаши самоубијци убиле 22 луѓе во Нигерија, за време на молитва во џамија.
Едната од жените влегла во џамијата, а другата ги чекала надвор оние кои ќе побегнат. Ова се случило во градот Маидигури во североисточна Нигерија, каде е основано исламистичкото движење Боко Харам.
Најмалку 17 повредени се пренесени во локалната болница, изјави Абдул Мухамед од Државната агенција за безбедност.
Слично
