Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фото: „Жената во црвено“-симбол на протестите во Турција

Фото: „Жената во црвено“-симбол на протестите во Турција
Симбол на протестите во Турција против власта на Ердоган стана жената во црвен фустан која полицаец од непосредна близина ја прска со солзавец. Оваа жена како и многу нејзини сонароднички е загрижена за правата на жените под власта на Ердоган и се бори против носењето превез во традиционално секуларната Турција, пренесува Дејли мејл. Според Дејли мејл оваа фотографија повеќе пати била споделена на социјалните мрежи, а веќе се нашла и на постери и налепници, откако „Жената во црвено“ станала симбол на сите демонстрантки на антивладините протести во Истанбул. -Насилството на полицијата врз мирните демонстранти, луѓето кои сакаат да се заштитат себеси и она што го сметаат за вредно“ е она што го покажува фотографијата, кажала Езра, студентка по математика од Бешикташ. На ѕидовите на зградите во најголемиот турски град се залепени постери од непознат уметник на кои жената е претставена многу поголема од полицаецот. „Колку повеќе нѐ прскате, ние повеќе растеме“, пишува на постерот.
Слично

Поврзани вести