Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жената во црвено:Не гледам разлика меѓу себе и останатите демонстранти!

Жената во црвено:Не гледам разлика меѓу себе и останатите демонстранти!
Симболот на турските протести, жената во црвен фустан,  вели дека не и се допаѓаат фотографиите кои се направени со неа и дека не треба луѓето да ја гледаат како некој кој е поразличен од другите демонстранти во Турција. - Заедно со мене во паркот на протестите имаше уште илјадници други лица. Не гледам разлика меѓу себе и нив, вели жената, пренесува Си-Ен-Ен. Инаку, оваа жена која стана симбол на протестите во Турција е фотографирана додека полицаец ја прска со вода, по што секако таа не можела да направи ништо освен да си замине. - Секој граѓанин кој си ги брани човечките права, секој студент кој ги брани своите акдемски права, може да посведочи за полициската бруталност која јас ја преживеав, додава Сејда.
Слично

Поврзани вести