Жената на која ѝ беше забрането да абортира, роди дете со аномалии
Самохрана мајка која носеше плод со малформации, беше приморана да роди дете со аномалии, бидејќи ѝ беше забрането да абортира. Двајца доктори и еден социјален работник, кои не ја ни познавале донеле негативно решение на нејзиното барање за абортус.
По десет дена во двоумење за неговата иднина, детето кое е родено со мал раст, жената си го однела дома. Таа е револтирана од одлуката на тричлената државна комисија бидејќи така лесно и ја скроиле судбината.
„ Не можам да се помирам со фактот дека некој толку лесно може да донесе одлука во мое име, а јас да немам право на глас, одлуки кои допираат длабоко во мојот приватен живот и мојата интима. Мислам на пратениците кои ги плаќаме, а кои си земаат за право да одлучуваат за нашиот живот како ќе се одвива“ изјави Васка, жената на кои и беше забранет абортус.
Васка е само една од жените кои со законот за абортус директно им им биле нарушени правата.
Законот за абортус, власта го донесе пред две години. Според него, некоја жена која сака да абортира мора да поднесе писмено барање, да оди на советување а нејзината одлука може да помине и на две комисии, една од клиниките друга од министерството.
Поради овие административни лавиринти, има случаи кога жените со денови носат мртов фетус само поради административните процедури кои ги пропишува законот, велат од невладината Хера.
Од оваа организација бараат да се запре и емитувањето на ТВ спотовите против абортусот, бидејќи на тој начин се стигматизираат жените кои го користат тоа право.
Освен тоа, тие ќе бараат и нов закон за абортус кој нема да го ограничи правото на избор на жената, кој ќе биде согласно препораките на СЗО.
