ЖЕНАТА И ПРЕДИЗВИЦИТЕ: Удар во стаклен ѕид!
Меѓународниот ден на жената 8 Mарт кој се појавил во време на голема економска криза, индустриски напредок, турбуленции,тензии, и радикални идеологии денеска сеуште ја остава отворена дилемата дали и како треба да биде прославен и одбележан, без притоа да ја засени борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност. Прогресот и напредокот на технологиите и достапноста на информации денес претставува голема предност за активна вклученост на жената во општествените текови и да го зголемува својот личен капацитет преку богатството на достапни информации. Но, во меѓувреме таа истовремено е домаќинка, сопруга и мајка која во современото живеење е ставена пред предизвикот да го одржува балансот и традиционалните вредности кои сеуште силно се негуваат и почитуваат.
“Сметам дека празникот треба да се одбележува со тркалезни маси, креирање на информации за тоа каква е положбата на жените во различните сфери од општественото живеење. Жените во Македонија имаат и раководат со сопствени бизниси, во сите сфери, вклучително и во многу креативни и иновативни бизниси. Тоа дефинитивно помага за нивното финансиско и социјално осамостојување.Моите сознанија се дека учеството на жените во управувачките тела во акционерските друштва што котирале Македонската берза во 2011 година изнесувало 22,7%. На прв поглед овој процент не изгледа лошо, особено ако се спореди со податокот дека учеството на жените во управувачките тела во најголемите компании во тоа време во ЕУ било околу 12-ина проценти. Слична е и состојбата во САД”-вели економскиот аналитичар, Верица Хаџи Василева-Марковска.
Состојбите според неа можат да се подобрат бидејќи иако сé уште не е во полна сила самиот разговор за ова прашање предизвикува промени на европската и светската економска мапа. Па така вели Хаџи Василева -Марковска за само 5 години, од 11,9% во 2010 година, учеството на жените во управните одбори на најголемите котирани компании во ЕУ пораснало за близу 10 процентни поени, или 21,2% во 2015 година. Притоа предничат земјите во кои таа дискусија е најгласна, како на пример Франција, со приближно 1/3 од вкупните членови во одборите на директори.
“Постојната структура на управувачките тела во акционерските друштва во Република Македонија е веројатно резултат на наследените принципи и навики од поранешна Југославија, во која на улогата на жената во управувачките структури ѝ се даваше должно внимание. Во таа смисла постои позитивна инерција на наследените практики. Доколку се анализираат трендовите, постои уште една тенденција, а тоа е дека учеството на жените се намалува. Само две години претходно, тоа учество било за 1 процентен поен поголемо, односно 23,7%. Со други зборови, доколку некоја состојба не се следи, пропорциите можат да се влошат.Во рамките на ЕУ се изработи директива учеството на помалку застапениот пол (жени или мажи) во компаниите што котираат на берзите да не падне под 40% од неизвршните директори, или под 33% од сите управувачки тела и тоа да се постигне до 2020 година. Директивата е поддржана од многу земји членки и сé уште се разгледува”- објаснува Хаџи Василева-Марковска.
Прашањето за независноста и еманципацијата на жената вели има економска сила, а не само сила на еднаква вклученост, рамноправност или спречување на маргинализација. Во целиот образовен систем, вклучително и највисоките академски и стручни степени жените се барем со еднаков број, ако не и поголем од мажите. Во текот на развојот на кариерата како што вели таа пропорција остро се намалува, па оттука бразованието е клучно, првенствено преку снабдувањето на жените со нужните технички знаења и вештини во различни области, но и преку рушењето на низа бариери, предрасуди и ментални блокови. Затоа сеуште има низа индикатори кои покажуваат сериозна инфериорност на жените во политичкото одлучување, во финансиската моќ, но и се поголема дискриминација во вработувањата и на работното место.
“Тука почнува да дејствува т.н. феномен на „стаклен ѕид“ во којшто удараат жените на определено ниво на кариерен развој. Економскиот аспект е следниов: зошто се трошат толкави средства за образование на дел од популацијата која не може да напредува и да произведува резултати како останатиот дел од популацијата. Позитивниот аспект на економското прашање е дека постојат неискористени управувачки резерви кои можат да дадат различна перцепција и оригинални решенија на современите предизвици и проблеми”-нагласува економскиот советник Марковска.
Стереотипите и стегите како и семејните обврските кои се на товар на понежниот пол честопати ја ставаат жената во подредена улога и на крстопат да се откаже од својата кариера за сметка на домот и семејството. Овие фактори според неа можат да бидат предизвик кој се ублажува со добри социјални установи, првенствено детски градинки, добро образование на сите нивоа, но и добри закони за домашна нега на деца и други сродни прашања.
“Постојат определни програми, постојат и определени финансиски програми кои даваат бенефицирани кредити и техничка помош за друштва кои се поседувани или раководени од жени. Пример за тоа се програмите на ЕБОР во Република Македонија. Тоа треба да се развива уште повеќе”-потенцира Хаџи Василева-Марковска.
Трендовите во однос на позицијата на жената со брз чекор се менуваат и во светот но и кај нас. Па затоа иако светот во поголем дел се уште им припаѓа на мажите, жените со засилено темпо носат промена во културата, вредностите, политиката, економијата и јавната сфера кои во една борба за освојување на внимание и простор и во иднина ќе ја стави на тест нивната жилавост, упорност и издржливост.
Низ историјата...
Се започна на 8 март 1857 година кога 40 000 работнички во фабриките за ткаење во Њујорк организирале штрајк со барање за подобрување на нивната положба. Газдите одговориле на жесток начин. Жените останале затворени во фабричките хали со цел да не се прошири штрајкот. Следи пожар кој предизвикал вистинска катастрофа усмртувајќи 129 жени работнички. Овој настан предизвика вистински бран на реакции во целиот свет. На погребот на загинатите работнички присуствувале над 100 000 луѓе.
На 8 март 1910 година на првата светска конференција на жените организирана во Копенхаген, Данска се донесува одлука 8 март да се прогласи за меѓународен празник на жената , во знак на сеќавање на 129- те трагично загинати работнички во Њујорк. Иницијативата за ден, посветен на сите жени на втората меѓународна конференција на жените социјалисти во 1910 година во Копенхаген даде феминистката Клара Цеткин.
Во периодот меѓу Првата и Втората светска војна во голем дел од земјите било забрането да се слави 8 март како меѓународен празник на жената, па дури и во САД , каде празникот започнува да се слаби дури кон крајот на 60’те години од минатиот век.
На 16 декември 1977 година Генералното собрание на ОН донесува резолуција со која 8 март се прогласува за меѓународен празник на жената. Овој настан претставува можност за посмело и поотворено истакнување на женското прашање на светската сцена.
С.Б.

Слично