Жена се обиде да се самозапали пред Владата на БИХ
Пред зградата на Владата на БИХ полицијата денеска спречи самозапалување.
Меџиба Халиловиќ од Зеница од понеделникот протестира пред Владата поради сиромаштијата и лошите услови за живот, а од вчера почна и штрајк со глад. Жената денеска се полеа со бензин, но полицијата спречи трагичен исход.
Таа е самохрана мајка на три деца и осум години живее во социјален стан во лоши услови. Преживува со 130 км месечно. Жената објаснува дека е наследничка на куќа која настрадала во поплавите и не може веќе да се користи. Вели дека ја боли неправдата затоа што од понеделник е пред Владата, а никој не и обрнал внимание.
Меџиба по обидот за самозапалување е примена од советник на федералниот премиер.
Слично
