Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жена се обиде да се самозапали на грчко-македонската граница

Жена се обиде да се самозапали на грчко-македонската граница

Мигрантка на средна возраст се обидела да се самозапали во близина на граничниот премин меѓу Грција и Македонија.

Според грчката агенција АНА-МПА, таа била спасена од други бегалци кои сфатиле што има намера да направи и интервенирале.

Според очевидци жената била во тешка психичка состојба и доживеала нервен слом.

Во моментов таа се наоѓа во еден од шаторите на меѓународната организација „Лекари без граници“, од каде ја добива потребната медицинска помош.

Од ден на ден во Идомени е се поголем бројот на миграти а во моментот има околу 10 000 од кои чекаат да го продолжат патот долж балканската бегалска рута.

Војската и полицијата се во цела Гевгелија во подготвеност и чекаат на можно влошување на ситуацијата, со оглед на тоа дека мигрантите неколку пати се обидоа да ја пробијат оградата на границата.

Слично

Поврзани вести