Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жена од Скопје загина во сообраќајка кај Удово

Жена од Скопје загина во сообраќајка кај Удово

Скопјанката Б.П. загина утрово во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Удово - Демир Капија, кај месноста Света Петка.

Несреќата се случила нешто во 7 часот кога автомобил „фиат сеиченто“, со скопски регистарски ознаки, удрил во автобус на „Струмица експрес“. Жената која била сопатник во автомобилот, починала на лице место. Екипа на МВР е на местото на несреќата, а увидот е во тек.

Сообраќајот на релација Удово - Демир Капија е затворен во двата правци.

Слично

Поврзани вести