Жена од Авганистан се породи во Гевгелија
Дваесет годишната Ф.Х. од Авганистан се породи во Гевгелија.
Во близина на раскрсницата Богданци, вчера во 5.30 часот полицајци забележале осум мигранти и тоа три малолетни деца, две жени и тројца мажи, од кои едната жена се пожалила на јаки породилни болки и побарала медицинска помош по што истата била пренесена во Гевгелија. Околу 6.25 часот во близина на Богданци пристигнале и медицински лица од Црвен Крст како и екипа од Брза Помош-Гевгелија. На пат до болница жената родила машко дете.
Жената со новороденчето била сместена во ЈЗУ Општа Болница Гевгелија.
Слично
