Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жена капетан обучува руски машки баталјон

Жена капетан обучува руски машки баталјон
Жена капетан обучува целосно машки баталјон во градот Коломна, близу Москва во Русија. Капетан Марина Турк ги обучува мажите во воени униформи на противтенковски топови.  Таа вели дека тоа е професија која дава можност да се покаже сила и за неа  секој работен ден е различен. „Тоа што сум жена, не значи дека не можам да обучувам мажи“- вели капетан Турк. Сепак тоа што е претставничка на понежниот пол, е предност до одреден степен, според нејзините зборови. Русинката потсетува дека жените одиграа клучна улога во целата историја на руската и советската армија. За време на Втората светска војна над 800 000 жени, служеле во советските вооружени сили, а многу од нив имале клучни улоги на фронтот. На 8 март-Денот на жената, таа е пример дека нема бариери за успешните жени во било која професија.  
Слично

Поврзани вести