Економија, финансии, бизнис

Контакт

Железница најавува нов возен ред, на велешани не им одговара

Железница најавува нов возен ред, на велешани не им одговара
Македонски железници – Транспорт го утврди новиот возен ред кој ќе почне да се практикува од недела и ќе важи до 12 декември идната година. Со него се предвидува кон Белград да сообраќаат два пара возови, утрински кој од Скопје ќе тргнува во 8 часот и 20 минути и вечерен кој ќе тргнува од 22 часот и 14 минути. Возовите од Белград за Скопје ќе тргнуваат во седум часот и 45 минути и во 18 часот и 50 минути. Според новиот распоред, во однос на линијата што го поврзува Скопје со Солун, предвидено е една композиција од Скопје да поаѓа во четири часот и 45 минути наутро и истата се предвидува во Солун да стигне во 10 часот и седум минути, според грчко сметање на времето. Повратната линија од Солун за Скопје предвидено е да сообраќа од 18 часот и 30 минути според грчкото сметање на времето и во Скопје да пристигне во 21 часот и 45 минути. Утринскиот воз од Приштина за Скопје ќе тргнува во седум часот и 10 минути, а повратната линија од Скопје за Приштина предвидено е да тргнува од 16 часот и 20 минути. Во внатрешниот сообраќај, четири пара возови ќе сообраќаат на релацијата од Скопје до Битола, до Гевгелија предвидено е да сообраќаат три пара возови, до Кичево два пара и еден пар возови ќе сообраќаат до Кочани. Велешани со новиот возен ред до Скопје и назад ќе имаат можност да патуваат со единаесет пара возови. Најавата за промени во возниот ред предизвика остри реакции кај група велешани кои возот го користат секојдневно како единствено превозно средство за да стигнат до своите работни места во Скопје, објави порталот НОВА. Најголем проблем за нив е утринскиот воз, познат како „локал“ кој сообраќа на релација Велес – Скопје. Сега, возот тргнува во 5 часот и 03 минути , а според новиот возен ред тој би требало да тргнува во 5.23 или во 5.26 минути, што е доцна за оние кои треба да бидат на работа во Скопје во 6 часот. Револтираните граѓани најавуваат протести и блокади доколку не биде исполнето нивното барање, односно доколку „Македонски Железници“ не отстапат од нивниот план, в недела наутро, со новиот возен ред да го поместат распоредот на возовите.
Слично

Поврзани вести