Економија, финансии, бизнис

Контакт

Железничкиот сообраќај на релација Солун-Скопје се нормализира

Железничкиот сообраќај на релација Солун-Скопје се нормализира

Железничкиот сообраќај од Солун кон Скопје од денеска ќе се одвива нормално.

По седумдесетдневна блокада на пругата на Коридорот 10 од  мигрантите кај Идомени во Грција, сообраќајот ќе се нормализира.

Се очекува повторно да биде воспоставена и редовната железничка линија кон Солун.

Грчката железница вчера заврши со контролата на пругата која беше блокирана повеќе од 70 дена од бегалците и мигрантите во бегалскиот камп кај Идомени. Со преместување на бегалците од Идомени во бегалските центри во Солун, линијата е ослободена, но сепак се направени проверки за да се види дали има некакви проблеми.

Блокадата на железничкиот сообраќај ќе има финансиски последици. Проблемите од блокадата најверојатно ќе влијаат и на процесот на приватизација на грчката железница, која и онака тоне во долгови.

Слично

Поврзани вести