Железничкиот превоз во минус
Товарниот сообраќај во железницата трпи последици, кои според Агенцијата за регулирање на железничкиот сообраќај се резултат на кризата во Европа. Анализите покажуваат дека во 2014 година обемот на превоз кој изнесувал 2.376.000 тони, што споредено со 2007 година кога изнесувал 4.686.000 тони е намален за повеќе од 50%. Ако пак, минтата година се спореди со 2009 година кога обемот на превоз изнесувал 2.929.000 тони, тогаш лани има намалување за 23%.
Сепак, ако минатата година ја споредиме со 2013 година кога обемот на превоз изнесувал 2.282.000 тони, има раст од 4 % .
Обем на превоз во тони
Намален број на патници во возовите
Бројот на патници кои патуваат со македонските возови во континуитет се намалува.
За само една година бројот на патници во железничкиот сообраќај е намален за 6,2%, одноносно во 2013 година биле превезени 853.177 патници со возовите а во 2014 година се возеле 803.101 патници. Истовремено, има зголемување на патничките возни километри, но тоа е сепак негативен показате при значително намалување на бројот на патници, велат од Агенцијата за регулирање на железничкиот сообраќај.
Анализата на податоците покажува дека најголем број на патници се возеле во 2009 година, а оттогаш досега бројот е преполовен.
Односно, во 2009 година имало 1,5 милион патници во возовите кои сообраќале на македонските пруги, а лани 803 илјади патници, што е помалку дури и од бројот на ппатници што се превезувале во 2004 година.
- 2014 година 2.376.000
- 2013 година 2.282.000
- 2012 година 2.539.000
- 2011 година 2.770.000
- 2010 година 3.097.000
- 2009 година 2.929.000
- 2008 година 4.206.000
- 2007 година 4.686.000
- 2006 година 3.800.000
- 2005 година 2.129.000
- 2004 година 2.641.000
Намален број на патници во возовите
Бројот на патници кои патуваат со македонските возови во континуитет се намалува.
За само една година бројот на патници во железничкиот сообраќај е намален за 6,2%, одноносно во 2013 година биле превезени 853.177 патници со возовите а во 2014 година се возеле 803.101 патници. Истовремено, има зголемување на патничките возни километри, но тоа е сепак негативен показате при значително намалување на бројот на патници, велат од Агенцијата за регулирање на железничкиот сообраќај.
Анализата на податоците покажува дека најголем број на патници се возеле во 2009 година, а оттогаш досега бројот е преполовен.
Односно, во 2009 година имало 1,5 милион патници во возовите кои сообраќале на македонските пруги, а лани 803 илјади патници, што е помалку дури и од бројот на ппатници што се превезувале во 2004 година.
- 2014 803.101
- 2013 853.177
- 2012 1.012.974
- 2011 1.421.403
- 2010 1.512.000
- 2009 1.523.000
- 2008 1.448.000
- 2007 1.101.000
- 2006 1.011.000
- 2005 903.000
- 2004 917.000
Слично
