Железарци протестираа против загадувањето на воздухот
Незадоволни граѓани, најмногу млади луѓе од населбите во близина на индустрискиот комплекс „Железарница“ излегоа на протест против загадувањето на воздухот од страна на фабричките оџаци.
Под мотото „Стоп за фабриката Железара“ доцна попладнево тие го блокираа главниот влез на индустрискиот комплекс, за кој велат дека го прави неподнослив нивниот живот.
Тие уште еднаш побараа да не се пролонгираат роковите за поставување филтри. Велат дека не сакаат да се затворат фабриките како Макстил, но бараат сопствениците да ги постават потребните филтри и да не се „богатат на сметка на нивното здравје“.
Слично
