Економија, финансии, бизнис

Контакт

Желба за правда зад зелената челична врата!

Желба за правда зад зелената челична врата!
Седам боса во соба со зелена челична врата, два кревети, големо светло до вратата, и камера над креветот. Немам ориентација за време, последниот пат кога прашав пред да влезам во собата ми рекоа дека е 4 часот. Зошто сум тука? Излегов да протестирам против аболиција на криминалци кои најверојатно нема ден да поминат ден во собава, излегов да го искажам својот револт и еве ме -раскажува студентката по право Сибел Амет која беше уапсена во минатонеделните протести. “На целиот неред што се случуваше на Рекорд кога ЕБР почна да трча, мене ми текнува во успорена снимка. Ете, го гледам Горјан и еден припадник од ЕБР како желно го гледа со пендеркот на готовс да го удри, се затрчувам да го бутнам Горјан од таму за да избегаме и не стигам на време. Закаснив и веќе го зграпчија и сакаа да го турнат на земја, почнав да викам да го пуштат и да не го тепаат и се најдов на земја со колено во кичма и лисици на рацете. Горјан до мене крвари, а јас сум на колена, пред О.К. Центар на ВМРО-ДПМНЕ. После сите процедури, кога излегов пред Беко да испушам цигара, ги видов моите другари и другарки, мајка ми, татко ми, како чекаат загрижени. Седеа се’ до нашето заминување по полициските станици каде што требаше да останеме во текот на вечерта, а утредента маршираа по улиците”-вели Сибел. [caption id="attachment_211730" align="aligncenter" width="645"]13007309_1753896868173928_2789196706880882518_n Моментот на приведувањето на Горјан и Сибел[/caption]   Најсмешно е вели што низ глава постојано и пролетувала мислата, што ќе биде со нејзината кариера како правник со досие, во земја во која вели одамна не владее правото. Чувството на незивесност за својата иднина очекува да го почувствуваат оние кои како што вели со години го вандализираат општеството и законите, во кое младината нема почувствувано спокоен живот. “Во таа соба со зелена челична врата во ПС“Пролече”, кога не спиев, мислев на што ќе се случи понатаму, мислев на другите притворени и како им е сега, мислев на моите другари и на мојата фамилија, мислев на луѓето лани што ги уапсија на 5ти мај и се помирував со помислата на притвор. Се прашував што ќе биде со мојата кариера како правник со досие за да се изнасмеам сама на себе како се секирам дали ќе бидам правник во држава во која што одамна не владее правото. Се прашував дали ова чувство на неизвесност за твојата иднина некогаш ќе го осетат оние чии криминали беа без пардон помилувани, оние кои 20 години наназад вандализираат и создадоа едно општество во кое младината нема почувствувано спокоен живот. Вели не сака срцепарателни приказни кои се проширија со апсењето на граѓаните, меѓу кои  и неколку студенти. Искуството вели  им е познато бидејќи во борбата за своите и правата на нивните колеги, свежи им се сеќавањата од минатогодишниот  5-ти мај кога студентите имаа уште едно немило искуство со апсење и полициска бруталност. Но револтот кај нив само дополнително расте, бидејќи сакаат својата држава да ја видат во поубаво светло, држава во која ќе владеат закон и ред, во која ќе се почитуваат темелните човекови вредности и во која младите ќе ја гледааат својата иднина. Иднина која ќе биде ослободена од стравот, јавно и гласно да го искажат својот став, и пред се, секој човек да има став, а не страв кој ќе го притиска пред своите одлуки и делувања. Денеска вели уште помасовно ќе ја испратат својата порака,  кога очекува сплотени како никогаш досега, неуморно  и мирно марширајќи да го  покажат  својот револт кон злосторничкото здружение и кон одлуките на  претседателот, кој со аболиција срамно реши да ја лиши Македонија од правдата, вистината и од сатисфакцијата дека никој не е над законот и дека секој ќе одговара за стореното. “Нема потреба од сензационализирање на моето апсење поради тоа што сум девојче, додека другар ми крвари до мене. Нема потреба да ве трогне моето искуство. Само излезете надвор и видете  ја бедата и стравот во кој живееме, притисоците под кои  родителите  подлежат на работа, пребројте си ги другарите и другарките кои се отселија од државата затоа што не гледаат иднина тука и сетете  се колку пати  истото сте го посакале. Став или страв, избираш ти! Се гледаме на протест! ”-порачува студентката по право Сибел Амет. С.Б.
Слично

Поврзани вести