Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖБОГАР седнa на амбасадорското столче на ЕУ во Македонија

ЖБОГАР седнa на амбасадорското столче на ЕУ во Македонија

И официјално Словенецот Самуел Жбогар е новиот амбасадор на ЕУ што ќе го претставува Брисел во земјава. Tој го наследи Аиво Орав чиј мандат како шеф на делегацијата на ЕУ во Република Македонија  истече летово.

Во 22-годишната кариера како дипломат, Жбогар  е вклучен во сите поголеми политички проекти на словенечката надворешна политика.

Жбогар денеска ќе му ги предаде акредитивните писма на македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Жбогар веројатно нема да ја има двојната функција шеф на ЕУ-делегација и Специјален претставник на Унијата што досега ја имаше на Косово, туку само ќе биде амбасадор на Унијата во Република Македонија. За да биде Специјален претставник треба да се избере и во Европскиот совет, за што нема волја кај дел од земјите-членки на Европската унија, па останува само да го наследи Естонецот Орав.

Аиво Орав, пак замина за амбасадор на ЕУ во Подгорица, Црна Гора.

Слично

Поврзани вести