Жбогар се сретна со Груевски и Димитриев – Надминување на кризата е приоритет
Новиот евроамбасадор по не така топлиот пречек од претседателот Иванов, денес оствари први средби и со актуелниот премиер Димитриев, како и со неговиот претходник Груевски.
Жбогар на средбата со Димитриев истакнал дека Европската Унија и понатаму ќе продолжи да дава поддршка во реализацијата на реформите во нашата земја. Двете страни ја изразија и значајноста на спроведувањето на акцискиот план на Владата за реформи за европска интеграција на земјата. Премиерот за спроведување на изборите Димитриев ја истакна и посветеноста на Владата за спроведување на фер, кредибилни и демократски избори како единствено решение за политичката криза, соопштуваат од Владата.
Груевски пак, на Жбогар му посочил дека главен интерес на ВМРО-ДПМНЕ се државните интереси со одржување на фер и демократски избори кои ќе придонесат во напредување на евроинтеграциските процеси.
Груевски пак, на Жбогар му посочил дека главен интерес на ВМРО-ДПМНЕ се државните интереси со одржување на фер и демократски избори кои ќе придонесат во напредување на евроинтеграциските процеси.
Слично
