Жбогар чека да се реши кризата, Иванов го предупреди за односот на ЕУ
Новиот европски амбасадор Самоил Жбогар официјално стапи на дипломатската функција откако му ги предаде акредитивните писма на претседателот Иванов.
Овој пат не е пречекан со еуфорија како некои негови претходници туку со претпазливи пораки дека Македонија не е задоволна од односот кој го добива од ЕУ, што е главна политика која Иванов ја застапува изминатата година освен кога не аболицира. Иванов не е задоволен ниту од начинот на кој се менаџира бегалската криза што остава голем простор за безбедносни ризици.
Жбогар пак, посочи дека Брисел со нетрпение очекува политичката криза во земјава што побрзо да се надмине и да се изнајдат трајни решенија за развој на македонската демократија што ќе допринесе и за побрза евроатланска интеграција.
Слично
