Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жан-Марк Еро: Еврото ќе опстои!

Жан-Марк Еро: Еврото ќе опстои!
Францускиот премиер Жан-Марк Еро, денеска во Манила ги негираше предвидувањата на оние кои предвидуваат колапс на еврото нагласувајќи дека единствената валута ќе преживее. „Еврото е наследство  на историјата и таа ќе биде во опасност ако ризикувате да го напуштите.  Ве уверувам чека и покрај се, еврото ќе преживее", изјави Еро на економскиот форум во Манила. Вчера тој на новинарите им посочи дека сите соговорници во Југоисточна Азија се под влијанието на британскиот печат, кога станува збор за иднината на еврото и стравот дека Грција ќе ја напушти еврозоната. „ЕУ е најголемиот пазар во светот со 460 милиони потрошувачи, што дава големи можности", рече Еро и додаде дека Европа е седиште на иновациите и континент кој е стабилен, мирен и безбеден.  
Слично

Поврзани вести