Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зградите ќе штедат енергија со енергетски контролори

Зградите ќе штедат енергија со енергетски контролори

Енергетски ознаки идентични со оние на електричните уреди ќе добијат сите нови јавни и станбени објекти, со површина поголема од 500 м2, информираат од Агенцијата за енергетика на РМ.

Ознаките А, А+ и А++ ќе бидат ставани на самите влезови и ќе бидат единствен показател за стандардите на енергетска ефикасност кои ги исполнува објектот. Cпоред анализите направени во Агенцијата, ваквите објекти во значителна мерка ќе штедат енергија.

- СВОТ анализата покажа дека заштедата ќе изнесува најмалку 20-25% годишно, а за објектите со ознаки А+ и А++ може да достигне и до 40% , во однос на класично градените - вели Лазар Гечевски, директор на Агенцијата за енергетика.

Енергетската класа ќе биде дефинирана во сертификатот за енергетските карактеристики на објектот што ќе го издаваат посебно овластени контролори. Нивната обука ќе почне во септември, а се очекува да профункционираат најрано од ноември годинава.

Услов за идните специјализирани фирми ќе биде да имаат најмалку двајца овластени енергетски контролори, лица со високо образование од техничка насока, со минимум 5 години работно искуство во струката и завршена обука.

Евиденцијата на издадени сертификати за енергетски карактеристики на зградите ќе ја води Агенцијата за енергетика.

Слично

Поврзани вести