Зголемувањето на пензиите во Македонија ја зачуди Србија
„Единствен пример во Европа: Македонија ги зголемува пензиите“, пишуваат денеска српските медиуми. Според нив зачудувачки е што во време на криза земјава има пари за да ги зголеми пензиите.
„Повисоки пензии само за Македонците“, пишува Б92 и ја цитира изјавата на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески:
„Со ова сме единствена земја не само во регионот, туку и во Европа, која во вака тешки времиња, кога се чувствуваат последиците на кризата, не само што ги заштитува пензионерите, не ја зголемува старосната граница и редовно ги исплаќа пензиите, туку и ги зголемува за значителен износ, ако се имаат предвид финансиските можности на државата“„Скопје: Поголеми пензии, пониски цени на лековите“, пишува и Ал Џезира Балкан. Македонската Влада најави дека од идниот месец ќе ги зголеми пензиите за околу 10 евра.
Слично
