Зголемувањето на минималната плата помина во Влада
Владата денеска ги усвои измените на Законот за минимална плата кои предвидуваат фазно зголемување на минималната плата во следните три години. Според нив, минималната плата до 2016-та година треба да се зголеми од сегашните 8.050 денари на 10.080 денари, освен во текстилната и кожарската индустрија каде тоа ќе се случи две години подоцна.
Законските измени сега одат во Собранието, кое треба да го даде конечното „зелено светло“. Владата верува дека за спроведување на овој закон ја има согласност и на останатите социјални партнери - синдикатот и работодавачите.
„Со оглед на опсежнста на дијалогот и начинот како се дискутираше за прашањата и согласноста како е постигнато зголемувањето на минималната плата, нема причина да не веруваме дека ќе се спроведува законот“, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Тој нагласи дека зголемувањето на минималната плата се прави во време кога Македонија има најниско ниво на невработеност и кога се креирани над 100 илјади нови работни места.
Доколку законските измени поминат и во Собранието, во март годинава минималната плата ќе изнесува 8.800 денари, во март 2015 година - 9.590 денари, а во март 2016 година ќе достигне 10.080 денари. За текстилната и кожарската индустрија ќе има период на пригагодување до 2018 година.
Слично
