Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зголемувањето на минималната плата помина во Собранието

Зголемувањето на минималната плата помина во Собранието
Едногласно, со 61 глас „за“, пратениците ги усвоија измените во Законот за минимална плата во Република Македонија, по скратена постапка. Со законските измени се предвидува од март годинава минималната плата да се зголеми од сегашните 8.050 денари на 8.800, во март 2015 година на 9.590 денари, а во март 2016 година на 10.080 денари. „Ова го договоривме по долги и тешки преговори со социјалните партнери, односно со репрезентативните синдикати и Организацијата на работодавачи. Во рамките на еконосмко-социјалниот совет договорени се и конкретните термини за зголемување на минималната плата“, рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Во индустријата за производство на текстил, облека, кожа и кожни производи зголемувањето се пролонгира за две години, па во овие дејности се очекува минималната плата да достигне 10.080 денари во 2018 година. Опозициската СДСМ го поддржа предлогот за измена на Законот, но забелешка имаше што за вработените во текстилната и кожарската индустрија зголемувањето ќе важи од подоцна. „Ние и во 2012 година кога беше донесен Законот и сега ви предлагаме државата да се откаже од дел од придонесите за вработените во текстилната и кожарската индустрија за да може и тие да ја примаат минималната плата како и сите вработени, а не да треба да ја чекаат 2018 година“, истакна Николов.
Слично

Поврзани вести