Зголемено производството на шумски производи во државните шуми
Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во првото тримесечје од 2016 година, во однос на првото тримесечје од 2015 година, е зголемено за 159.6 %.
Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување на шумското производство е забележано кај повеќето шумски производи. Намалување на шумското производство е забележано кај просторното дрво и огревното дрво од иглолисни видови.
Во првото тромесечје годинава исечени се 48.3% од сите видови даб, 37.4% бука, 9% црн и бел бор, 1.8% смрча и ела и 3.5% други листопадни дрва.
Слично
