Зголемено производството на шумски производи
За четири отсто е зголемено вкупното производство на шумски производи во државните шуми во четвртото тримесечје лани во однос на истиот период во 2011.
Според Државниот завод за статистика, зголемување на шумското производство е забележано кај рудничкото дрво од иглолисни видови, кај трупците од листопадни видови и кај огревното дрво од иглолисни и листопадни видови.
Намалување на шумското производство е евидентирано кај друго обло дрво од иглолисни и листопадни видови, рудничко дрво од листопадни видови, просторното дрво од иглолисни видови и кај друго грубо обработено дрво, цепеници, дрвени мотки и колци
Слично
