Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗГОЛЕМЕНИ ЦЕНИ: Нафтените деривати од полноќ ќе се точат по …

ЗГОЛЕМЕНИ ЦЕНИ: Нафтените деривати од полноќ ќе се точат по …

Од ноќеска на полноќ нафтените деривати ќе се точат по нови зголемени цени.

Регулаторното тело денеска одлучи бензините да ги зголеми цените и на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинства.

Од ноќеска литар Еуросупер БС-95 ќе точите за 63 денари, а Еуросупер БС-98 за 65 денари.

Еуродизелот (Д-Е V) ќе се продава по 50,50 денари за литар, а цената  на екстра лесното масло за домаќинства се зголемува на 39 денари.

И мазутот бележи зголемена цена за  1,795 денари и килограм од тој енегренс ќе чини 21,883 денари.

Оваа одлука доаѓа врз основа на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите две недели, како и курсот на денарот во однос на доларот.

Изминатата недела можеше да се карактеризира како слаба за нафтата, откако цената на американската лесна сурова нафта се тргуваше во Европа со пад над 4 проценти.

Новите цени стапуваат на сила на полноќ при што ќе се задржат во следните две седмици.

Слично

Поврзани вести