ЗГОЛЕМЕНИ СЕ МИНИМАЛНИТЕ ТРОШОЦИ ЗА ЧЕТИРИЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО: Која ставка ја поскапе кошничката?
Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври се зголемени за околу 500 денари.
Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) објави дека минималните трошоци на едно четиричлено семејство во октомври се зголемени за 467 денари во споредба со септември.
Според пресметките на ССМ, синдикалната минимална кошница за октомври изнесува 65.544 денари и во споредба со септември изнесуваше 65.077 денари е зголемена за 467 денари.
Најголем пораст е забележан кај трошоците за храна и пијалоци, кои во октомври изнесуваат 23.772 денари, што е зголемување од 378 денари во однос на септември.
Доколку во пресметката се вклучи и изнајмување стан со површина од 60 квадратни метри, вкупната вредност на кошницата е 80.919 денари.
foto freepik.com
