Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зголемени се извозот и увозот во првите пет месеци

Зголемени се извозот и увозот во првите пет месеци

Пораснал извозот, но и увозот годинава. 

Извозот во првите пет месеци е зголемен за 44,3 отсто, а увозот за 39,5 отсто.  Вкупната вредност на извозот на стоки од земјава, во периодот јануари – мај 2021, изнесува 2.825.215.000 евра и бележи пораст од 44.3 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – мај е 3.834 407.000, што е за 39.5 проценти повеќе во споредба со првите пет месеци лани, објави Државниот завод за статистика. Трговскиот дефицит изнесува 1.009.192.000 евра, а покриеноста на увозот со извоз е 73.7 отсто. Во периодот јануари – мај 2021 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и НР Кина. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести