Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зголемени самоубиствата по мерките за штедење во Грција

Зголемени самоубиствата по мерките за штедење во Грција
За една третина се зголемен бројот на самоубиства во Грција, по воведувањето на мерките на штедење во 2011 година, се наведува во студиата што е објавена денеска. Студијата ја подготвиле американски и грчки научници, кои направиле истражување на бројот на самоубиства во периодот од 1983 до 2012 година кои се поврзани со економската ситуација и мерките за штедење во државата. „Нашата анализа покажа значителен пораст на самоубиствата како резултат на случувањата поврзани со штедењето во Грција“, навеле експертите во студијата што е објавена во медицинското списание БМЏ Опен. Бројот на самоубиства се зголемил за 35,7 % од јуни 2011 година кога тогашната влада во Грција најави строги мерки на штедење.
Слично

Поврзани вести