Зголемени цените за 10 отсто во кафулињата и рестораните
Цените на угостителските услуги во април пораснале за 9,8 отсто во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.
Поскапувањето во рестораните, кафулињата и гостилниците се зголемени за 2,5 отсто во споредба со претходниот месец март.
Во споредба со март 2022 година зголемување е забележано во групите Храна за 3,2 отсто, Алкохолни пијалаци за 1,4 и Безалкохолни пијалаци за 4,6 отсто.
Угостителските услуги во периодот јануари – април 2022 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 6,3 отсто, додека во споредба со декември 2021 година пораснале за 4,5 отсто.
Слично
