Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зголемена просечната цена на продадени автомобили во Франција за 1.305 евра

Зголемена просечната цена на продадени автомобили во Франција за 1.305 евра

Продажбата на автомобили во Франција бележи пад, но затоа се купуваат подобро опремени и поголеми возила, додека просечната цена е зголемена за 1.305 евра и изнесува 22.486 евра изминатата година, покажува најновото истражување на францускиот портал „Аргус“.

Освен цената, зголемени се и димензиите на просечниот автомобил, и тоа за два сантиметри, така што неговата должина во 2012 година изнесува 4,21 метар, пренесува францускиот весник „Паризјан“.

Благодарение на новите технологии автомобилите трошат се помалку гориво, така што, просечниот претставник во 2012 година троши 4,9 литри на 100 километри и има емисија на штетни гасови од 123 грама по километар, за разлика од потрошувачката од пет литри на 100 километри и емисијата од 126 грама на километар во 2011 година.

Без оглед на воведените еколошки даноци кои фаворизираат купување помали автомобили, сепак за купувачите преднос имале поголемите возила, така што, според податоците на Здружението на француски производители на автомобили, падот на продажбата минатата година бил поизразен за мали возила.

Слично

Поврзани вести