Зголемена границата за пензионирање и во Србија
Од следната година жените во Србија ќе мора да работат дополнителни шест месеци за да отидат во пензија, објави Министерството за труд, вработување и социјални работи.. Жените ќе се пензионираат од 62 години и шест месеци, а со најмалку 15 години стаж.
Мажите и следната година може да се пензионираат со 65 години и најмалку 15 години стаж. Сите осигуреници со 45 години стаж, без оглед на нивната возраст, имаат право на старосна пензија.
Кога станува збор за предвремено пензионирање, мажите во 2019 година можат да постигнат со 57 години и шест месеци од животот и најмалку 40 години стаж.
Жените следната година го остваруваат правото на предвремено пензионирање доколку имаат 57 години и 38 години и шест месеци осигурување.
Ако сакаат да се пензионираат според прописите кои се применуваат оваа година, вработените мора да поднесат барање за остварување на своите права до надлежната филијала на Републичкиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување заклучно со 31 декември.
