Зголемена економска активност во еврозоната – Крај на рецесијата?!
За прв пат економската активност во еврозоната се зголеми во јули по дури 18 месеци, покажува истражувањето на Маркит, што укажува дека економијата полека почнува да се стабилизира.
Индексот ПМИ во јули се зголеми на 50,5 од 48,7 во јуни, што укажува на раст за прв пат од јануари 2012. Иако истражувањето покажува намалени нарачки на компаниите сепак стапката на пад е најслаба од август 2011година.
Според истражувањето на Маркит севкупната анкетата сугерира дека економијата почнува да излегува од рецесија иако за здрав раст се уште изгледите се далечни.
Слично
