Зголемена доверба во работењето на УНИБанка АД Скопје: Член на Управниот одбор купи акции од Банката
Орлин Георгиев Ваташки, член на Управниот одбор на УНИБанка АД Скопје, изврши купување на обични акции на Банката, во информација која е објавена на Македонска берза.
Трансакциите биле порамнети на 22, 23 и 27 април 2026 година, а станува збор за купување на вкупно 100 акции. Со ова купување, неговото учество во вкупниот број издадени акции на Банката изнесува 0,0183 проценти.
Овие трансакции, особено кога доаѓаат од лица кои се дел од највисокото раководство, често се гледаат како показател дека менаџментот има доверба во стабилноста, стратегијата и понатамошниот развој на институцијата.
Самиот факт што член на Управниот одбор купува акции во банката во која учествува во управувањето испраќа јасна порака дека постои позитивна оценка за тековното работење, како и за очекувањата во однос на идниот раст и развој.
Ваквите активности дополнително ја зацврстуваат перцепцијата за сигурност и конзистентност во работењето на УНИБанка АД Скопје.
