Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗГОЛЕМЕНА БЕЗБЕДНОСТ: Србите се плашат од терористи

ЗГОЛЕМЕНА БЕЗБЕДНОСТ: Србите се плашат од терористи

По терористичките напади и објавување на мапите на „Исламска држава“, патниците на аеродромите, железничките и автобуските станици се исплашени.

По терористичките напади во Франција, Белгија, Турција кои го потресоа целиот свет, во Србија на стратешките места е зголемена безбедноста.

Иако на прв поглед се делува вообичаено, ИД ја смести Србија во земји со зголемен ризик од напади.

„Од јануари е зголемен бројот на полицајци на овие места, посебно во цивилно. Сите сме подготвени и бидно следиме што се случува„ - вели припадник на српското МВР.

Од друга страна граѓаните се трудат да не мислат на терористички напади.

„Постои можност и кај нас да се случи терористички напад, но јас не се плашам. Треба да се зголеми безбедноста. Никогаш не се знае каде може некое чудо да се случи„ - вели граѓанин.

Експертот Божидар Спасиќ вели дека Србија не би можела да се спаси од ИД, затоа што и помоќни држави не успејаа во тоа.

Слично

Поврзани вести