Зголемен притисокот врз домашниот пазар-Денес пак задолжување!
Државата го засили притисокот врз домашниот пазар, и постојано се задолжува повеќе од сумата што треба да се врати, иако и опозицијата и експертската јавност постојано укажуваат дека во една ваква политичка констелација важно е државата да се задолжува во износ во кој треба да се раздолжи ден или два по задолжувањето.
За денеска е најавено нов милионско задолжување. Владата планира да се задолжи кај домашните кредитори за 30,5 милиони евра, а утре веќе треба да ги раздолжи старите долгови.
Според најавата на аукцијата, ќе бидат издадени 6-месечни државни записи во вредност од 8,7 милиони евра и 12-месечни записи во висина од 21,8 милиони евра.
Долгот стигна 48 отсто од БДП
Со претходните пет одржани аукции, направен е нето-долг од 56 милиони евра. Во овој момент јавниот долг изнесува 48 отсто од домашниот бруто-производ (БДП).
Државните хартии од вредност се нудат со повисоки каматни стапки
Изминативе неколку аукции може да се забележи дека Министерството за финансии ги зголеми каматните стапки за државните хартии од вредност, што економистите го толкуваат како обид да се соберат што е можно повеќе пари од домашните кредитори.
И на аукциите најавени за вторник, може да се забележи дека државата ги продава хартиите од вредност со повисоки каматни стапки.
Еве како изгледале каматните стапки на 3 месечните хартии од вредност на претходните аукции. Три месечни хартии од вредност биле понудени во октомрви, ноември и декември минатата година, и сега во јануари. Во октомрви каматната стапка била 1,25%, во ноември и декември била 1,35%, додека во јанури, односно на аукцијата што ќе се одржи во вторник изнесуваат1,60%.
Каматни стапки за 3 месечни обврзници
- Октомври 2015 1,25%
- Ноември 2015 1,35%
- Декември 2015 1,35%
- Јануари 2016 1,60%
