Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зголемен интересот на граѓаните за „купи куќа, купи стан“

Зголемен интересот на граѓаните за „купи куќа, купи стан“
За само еден месец одобрени се повеќе од 50, а од стартувањето на проектот „купи куќа, купи стан“ одобрени се околу 400 кредити. Ова го покажуваат анализите на градежните компании од каде велат дека интересот за купување стан или куќа постојано расте. Сепак граѓаните велат дека не се доволно информирани за условите кои треба да се исполнат за да се искористи оваа поволност која ја нуди државата. Токму затоа од денес па се до 28 декември во трговскиот центар „Рамстор“ ќе се одржи вториот Саем посветен токму на овој проект каде сите заинтересирани ќе имаат можност детално да се информираат кои се условите, колкави се цените, каматните стапки и се она што ги интересира директно од претставници на банките, градежните компании и Министерството за финансии. „Владата и во текот на 2015 ќе продолжи со оваа активност и во останатите градови низ Македонија“, изјави министерот за финансии, Зоран Ставрески. Претставниците од градежните компании велат дека најголем ќар од овој проект имаат граѓаните, производителите на градежни материјали, изведувачите на станбени единици и градежните компании. Задоволни од интересот на граѓаните се и банките. Како што информираат граѓаните повеќе се заинтересирани за купување станови, и тоа претежно млади брачни парови. Најголема понуда до сега има во Скопје, каде и интересот е најголем.
Слично

Поврзани вести