Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зголемен е бројот на германски туристи во Македонија, Србите сега се на трето место

Зголемен е бројот на германски туристи во Македонија, Србите сега се на трето место

Туризмот бележи пораст. Во периодот јануари – октомври 2025 година вкупниот број на туристи е зголемен за 5,4 отсто во однос на истиот период лани, а зголемен е и вкупниот број на ноќевања за 0,6 отсто, соопшти Државниот завод за статистика(ДЗС).

Во октомври земјава ја посетиле 109.535 туристи кои оствариле 204.718 ноќевања. 

Кај домашните туристи е забележано намалување за 2,3 отсто, а кај странските има зголемување за 9,3 отсто. И во однос на ноќевањата, кај домашните туристи има намалување за 4,2 отсто, а кај странските зголемување за 6,4 отсто. 

Во октомври 2025 година, од вкупниот број туристи 21,8 отсто биле домашни, а 78,2 отсто биле странски. Бројот на ноќевањата во октомври 2025 година изнесува 204.718, од кои 29,1 отсто се од домашните туристи, а 70,9 отсто од странските.

Најмногу странски туристи во октомври 2025 дошле од Турција (18.678), од Германија (12.558), од Србија (6.154) и од Грција (3.781).

Турците со години се најбројни туристи во Македонија. 

foto Wikipedia/ kallerna

Слично

Поврзани вести