Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зголемен бројот на туристи во октомври, Турците се најбројни

Зголемен бројот на туристи во октомври, Турците се најбројни
Бројот на туристите во октомври 2012 година, во однос на октомври 2011 година, е зголемен за 4,3 отсто, а бројот на ноќевањата е зголемен за 2,8 отсто, соопштуваат од Државниот завод за статистика. Според нивните податоци вкупниот број на туристите во октомври 2012 година изнесува 51.512, а бројот на ноќевањата изнесува 122.498. Бројот на домашните туристи во октомври 2012 година, во однос на октомври 2011 година, е зголемен за 4,5 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 4,2 отсто. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во октомври 2012 година, во однос на октомври 2011 година, е намален за 2 отсто, додека бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 6,2 отсто. Во периодот јануари- октомври 2012 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2,7 отсто и тоа кај домашните туристи има намалување за 3,2 отсто, а кај странските зголемување за 8,6 отсто. Во периодот јануари-октомври 2012 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 1,5 отсто и тоа кај домашните туристи има намалување за 6,2 отсто, а кај странските зголемување за 7,8 отсто. ТАБЕЛА: Број на туристи и ноќевања по земја на припадност на посетителите Извор: Државен завод за статистика
Слично

Поврзани вести