Зголемен бројот на странските туристи за 20 проценти, додека кај домашните е намален за 3 проценти
Вкупниот број на туристите во мај 2013 година изнесува 67 588 и споредено со мај лани е зголемен за 11,2 проценти, објави Државниот завод за статистика. Бројот на ноќевањата изнесува 152 117 и е зголемен за 6.4 проценти.
Намалување од 3 проценти има кај бројот на домашните туристи, додека бројот на странските туристи пораснал за 20,1 отсто.
Во периодот јануари- мај 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5.7 проценти.
Кај домашните туристи има намалување за 1 процент, а кај странските зголемување за 10,2 проценти. Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 6,1 отсто од кои кај домашните туристи има зголемување за 1,8, а кај странските за 9,7 отсто.
Најбројни туристи се од Турција, Холандија и Грција.
