Зголемен бројот на работници во индустријата
Бројот на работници во индустријата е зголемен за 7,1 процент во април годинава, во споредба со истиот медесц лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Најголем пораст е регистриран во главната индустриска група - капитални производи, каде бројот на работници за една година се зголемил за 92,2%. Пораст има и во групите за трајни производи за широка потрошувачка (за 6,1%), нетрајните производи за широка потрошувачка (за 3,1%) и интермедијарните производи освен енергија (за 1,5%). Намален е бројот на вработени во индустриската група енергија (за 4%).
Во секторот Преработувачка индустрија бројот на вработени бележи пораст од 8.5%, особено во делот производство на моторни возила, приколки и полуприколки - за дури 216.1%, како и во текстилната индустрија - за 42%.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во април 2014 година, во однос на април 2013 година, бележи опаѓање од 1.9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0.8%.
Слично
