Зголемен бројот на невработени во Бугарија
По политичката криза која во текот на летото ја потресе најсиромашната членка на ЕУ, невработеноста во Бугарија во септември се зголемила, покажуваат официјалните податоци.
Стапката на невработеност во септември се зголеми на 10,8 од 10,7 проценти од август, наведува бугарскиот Завод за вработување, пренесува агенцијата Франс прес.
Синдикатите веќе предупредија дека реалната невработеност е многу поголема, а мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во јули, исто така, заклучи дека невработеноста е неприфатливо висока.
Стапката го достигна осумгодишниот максимум од 12 проценти во февруари, кога уличните протести против растот на цените на енергенсите и намалувањата на платата доведоа до пад на поранешната конзервативна влада. Новата влада започна со работа во мај, но и таа беше под притисок, и покрај ветените мерки за намалување на сиромаштијата и поттикнувањето на економијата.
Слично
