Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зголемен бројот на јавувања на „Ало Докторе“ за медицински совети

Зголемен бројот на јавувања на „Ало Докторе“ за медицински совети

Телефонската линија  „Ало докторе“ која е наменета за медицински совети за граѓаните од сите градови ширум земјава само во последните два дена бележи  283 јавувања.

Граѓаните најмногу помош барале  за здравствени совети во врска со респираторни симптоми, проблеми со крвниот притисок и симптомна болка.

За месец и половина пак забележани се над 7 илјади јавувања.

Оваа телефонска линија од 1 овој месец ќе биде засилена со пет нови доктори за здравствен совет кои ќе бидат достапни 24 часа и кои ќе можат да ви одговорат на вашите прашања поврзани со здравствената состојба.

Бројот на кој може да се обратите за медицински совет е 15123.

   
Слично

Поврзани вести