Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зголемен бројот на царински службеници во текот на минатата година, просечната плата е 950 евра

Зголемен бројот на царински службеници во текот на минатата година, просечната плата е 950 евра

Бројот на вработени во Царинската управа во текот на минатата година се зголемил од 1.188 на крајот на 2024 до 1.266 на крајот на 2025. Ова е објавено, меѓудругото, во годишниот извештај за работењето на Царината.

- На крајот на 2025 година во Царинската управа се вработени 1.266. Од вкупниот број вработени 2 лица се со статус на функционери (директор и заменик директор), 1.259 лица се со статус на царински службеници согласно Законот за Царинската управа и 5 лица се со статус на работници согласно Законот за работни односи, објави Царинската управа.

Ваквото зголемување на бројот на вработени најмногу се должи на огласот за ангажирање на нововработени лице во текот на минатата година, со кој што се вработиле дури 146 нови цариници.

- Во 2025 година Царинска управа ангажираше 128 лица преку јавен оглас на определено време и 18 лица на неопределено време , преку јавен оглас преку Агенција за администрација, гласи коментарот на Царинската управа во извештајот.

Наедно се намалувал и бројот на вработени за 50-мина, а меѓу нив имло и такви на кои им биле доделени откази.

„26 решенија се за престанок на работен однос по основ на старосна и инвалидска пензија - 11 решенија за престанок на работен однос по основ на даден отказ од Царинска управа - 5 решенија за престанок на работен однос по настаната смрт - 8 решенија за престанок на работен однос по барање на работник“, нагласува службата.

Според завршната сметка на Царинската управа за 2025, лани за нето плати биле исплатени 870 милиони денари, односно околу 14,15 милиони евра, што е за околу половина милион евра повеќе од една година претходно. Пресметано, излегува дека просечната нето плата по вработен била околу 57.000 денари, или околу 950 евра.

„Во 2025 година наплатениот износ на приходи спореден со бројот на вработени во Царинската управа покажува дека се наплатени приходи од 107.281.408,00 денари по вработен“, се додава во коментарот на извештајот.

A.K.

Слично

Поврзани вести